Тим од научници успешно анализираа нови 50.000 ѕвезди снимени од Кеплер телескопот на НАСА.
Посебноста на новата анализа е во брзината со која беше направена. Научниците со помош на алатки развиени во МИТ Универзитетот ја анализираа секоја од ѕвездите за потенцијална екзопланета само за неколку недели, додека претходно беше потребно скоро цела година за да се проверат толку голем број на ѕвезди.
Новиот начин на барање на планети им дозволува на научниците да можат да извршат дополнителни истражувања на истите ѕвезди, додека телескопите на Земјата сеуште го гледаат истиот дел од небото како што и Кеплер телескопот кој патува околу сонцето веднаш позади Земјата.
Претходно, астрономите требаше да чекаат скоро цела година да помине за Земјата да направи цел круг околу сонцето за да го има истиот поглед како Кеплер кога тој првпат ги здогледал овие ѕвезди.
Овој побрз начин на анализирање на ѕвезди ќе му дозволи на новиот ТЕСС телескоп да има повеќе потенцијални екзопланети на кои што ќе може да проверува од што му е составена атмосферата и дали тие подржуваат живот.
The post Нови 50.000 ѕвезди анализирани за екзопланети за само неколку недели appeared first on USB.mk.