Македонскиот репрезентативец Филип Талески денес се ожени со својата девојка Ена. Тие се венчаа во Крушево, родниот град на Филип. За венчавката ракометарот избра син костум без вратовска, а невестата носеше плаво-бел фустан.
По венчавката тие заминаа на семеен ручек со своите семејства, ни открија нивни пријатели. Тие велат дека Филип и Ена догодина ќе прават свадба. Ена и Филип се запознале пред неколку месеци. Таа е Македонка која живее во Германија. И Филип од лани живее во Манхајм, а игра за германскиот ракометен прволигаш „Рајн Некар“.
22-годишниот Филип веќе неколку години игра за македонската ракометна репрезентација. Пред да отиде во Германија, беше член на „Металург“.