Личниот тренер на светската ѕвезда Мадона за неа изготвил специјална диета, која заедно со вежбањето, ѝ помага да остане фит. Пејачката на 59 години има совршена линија и мускулесто тело, и откри дека тајната на добриот изглед е токму во исхраната.
Мадона за појадок јаде тост со две белки и едно јајце, јаболко, портокал или круша. За ручек внесува пилешки или мисиркини гради во сендвич со леб од интегрални житарки и малку мајонез. За вечера таа јаде една порција протеини (риба, пилешки гради или јунешко), многу зеленчук, мала порција тестенини од интегрални житарк и половина мал печен компир.
Со диетата на Мадона за 7 дена можете да изгубите 1 килограм. Диетата не е брза, но и нутриционистите се сложуваат дека е ефикасна. Правилото е мастите, протеините и јаглехидратите што се внесуваат секојдневно да се во сооднос 30:30:40. Јаглехидратите мораат да бидат сложени (зеленчук, овошје, интегрални житарки), а не лоши „брашнести“, (бел леб, бел ориз, пржени компири, шеќер, тестенини, колачи). Мастите се задолжителни, бидејќи го намалуваат чувството на глад и ја стимулираат работата на мозокот. Но, со диетата е забранет секаков вид на кофеин, па не смеете да пиете ниту чај ниту кафе.