
Лејди Гага има нов дечко и тоа не е Бредли Купер. Aмериканските и британски таблоиди се распишуваа за врската на Гага и аудио инженерот Дан Хортон. Додека целиот свет зборуваше за нејзината “романтична врска“ со Бредли Купер, Гага се гледала со Хортон кој е нејзин соработник од лани. Парот минатиот викенд бил забележан на романтична вечера, а извор близок до пејачката изјавил дека тие двајца дефинитивно се заедно. „Да, тие двајца дефинитивно се заедно“ – изјавил близок пријател на Гага. Веста дека Гага има нов дечко ги разочара нејзините обожаватели. Многумина се надевале дека Гага и Бредли ќе признаат дека се во врска откако популаниот актер ја прекина долгогодишната врска со Ирина Шајк.
Текстот Лејди Гага има нов дечко, ама не е Бредли Купер е превземен од Reporter.mk.





































