Неколку дена откако го прослави својот 45. роденден, фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ на својот инстаграм-профил објави провокативна слика од забавата. Секси фотографијата на Цеца предизвика бројни коментари на нејзините следбеници, а еден од нив е и од бугарскиот манекен со светска кариера, Флоријан Мунтеан. Тој под сликата ѝ напиша дека е „бомба“, а пејачката му врати неколку бакнежи.
Цеца и Флоријан се запознаа неодамна на снимањето на нејзиниот спот за песната „Анџео другог реда“. Оттогаш Флоријан често јавно ѝ остава коментари на Цеца, а и пејачката не пропушта да му одговори.