Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот фејсбук и твитер-профил им вети пакет домати за сите земји што ќе поддржат почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија.
„Највкусниот домат во светот, без конкуренција! На земјата што ќе застане зад Македонија следнава недела, ќе ѝ праќаме македонски јабучар по брза пошта“, напиша министерот на „Фејсбук“.
Покрај објавата, тој сподели слика од сечкани домати со лук и магдонос.