Американскиот актер Џорџ Клуни со сопругата Амал и близнаците Александар и Ела викендов пристигнаа во Италија. Семејството Клуни дојде во Сардинија со приватен авион. Папараците ги фотографираа како излегуваат од авионот, Џорџ со едното дете и со сликовница во раката, а Амал со другото дете.
И покрај долгиот лет, Амал изгледа совршено, напишаа американските таблоиди кои први ги објавија фотографиите. Тие го искоментираа и новиот имиџ на Џорџ и сметаат дека мустаќите се за новата улога за која се подготвува.