Пејачката Емина Јаховиќ е на летување со своите синови Јаман и Јавуз. Ова е прв семеен одмор на Емина со децата откако неодамна и официјално се разведе од сопругот Мустафа Сандал. Пејачката на својот инстаграм-профил објави слика од плажа во Фетије, Турција, каде што со децата одмора во хотел со пет ѕвездички. „Вистинско богатство“, напиша Емина покрај сликата.
Емина и Мустафа беа во брак 10 години и, според изјавите на двајцата, ќе останат пријатели заради децата. Емина откри дека и покрај разводот, ќе остане да живее во Истанбул, оти тоа е најдобро решение за нејзините синови.