(Фото) Лоба бринета

Поп-пејачката Викторија Лоба на Мундијалот во Русија навива за Аргентина. Таа на социјалните мрежи сподели фотографија стара 17 години, облечена во сино-бел дрес, со топка во рацете и долга темна коса. „Назад во времето кога сакав да станам фудбалерка и многу ја љубев Аргентина“, напиша Лоба на „Твитер“.

Нејзините пријатели ѝ напишаа дека е непрепознатлива со природната, темна коса. Еден од нив ја спореди пејачката со еден од најпопуларните аргентински фудбалери од почетокот на 1990-тите години, Клаудио Каниџа, а таа ја прифати шегата дека личи на славниот фудбалер.

„Имам 12, можеби 13 години на сликата. Отсекогаш сум навивала за Аргентина, секогаш ќе навивам за нив“, рече Лоба за „Репортер“.

(А.Ј)