На плажа, во бикини, македонската пејачка Сара Мејс на Инстаграм објави фотографија на која го покажа трудничкиот стомак. Таа откри дека е во 30. недела од бременоста и дека за неполни два месеца треба да го роди своето прво дете. „Идна мајка“, напиша таа.
Сара во моментов е на летување на Јонско море во Грција со сопругот Димитар Атанасовски.
Пејачката веста за бременоста долго време ја чуваше во тајност. На почетокот изјави дека првите три месеци ѝ биле многу мачни, ама дека потоа работите се стабилизирале и дека сега со нетрпение чека да стане мајка. Вели, со Димитар не го знаат полот на бебето, оти сакаат да е изненадување.