Медиумите во Србија со години Снежана Бабиќ-Снеки ја нарекуваат една од најзгодните пејачки на домашната естрада. Иако има снимено малку песни и има еден хит, таа секогаш го привлекува вниманието на јавноста, најмногу со изгледот.
50-годишната Снеки неодамна на своите профили на социјалните мрежи објави слики во бикини, фотографирани на јахта. Пејачката доби бројни комплименти за изгледот, за телото, а посебно за нозете. Нејзините седбеници ѝ напишаа дека никој нема подолги нозе од неа, дека и помладите колешки треба да ѝ завидат. Пејачката се заблагодари на комплиментите во еден од коментарите под сликите.