По теркот на светските ѕвезди, пејачката Аделина Тахири направи секси фотосесија и го покажа голиот труднички стомак. На фотографиите од Чедо Поповски, кои самата ги објави на својот инстаграм профил, Аделина позира во неколку различни модни комбинации, но на секоја слика нејзиниот стомак е гол. Најголемо внимание привлече сликата на која нејзиниот сопруг, адвокатот Серјожа Марков, ѝ го прегрнува трудничкиот стомак.
Пејачката е во седмиот месец од бременоста. Таа беше во 14. недела кога преку социјалните мрежи објави дека ќе стане мајка и дека со Серјожа ќе имаат син.
Двојката склопи граѓански брак кон крајот на минатата година. Свадбената веселба што беше планирана за оваа пролет ја одложија заради бременоста на Аделина. Според најавите свадба ќе има, ама дури откако ќе се роди бебето.