Српскиот глумец Ирфан Менсур вчера сред бел ден бил ограбен во центарот на Белград. Тој околу 14 часот пиел кафе и читал весник во кафуле, кога кон него се стрчала група од четворица малолетници. Тие ја зеле неговата чанта која стоела на масата покрај него. Актерот рекол дека внатре имало лични документи, платежни картички и 4000 евра кеш.
Полицијата веднаш дошла во кафулето, а Менсур, неколку гости и вработените дале изјава и го опишале грабежот и лицата што го извршиле. Според магазинот „Хелоу“, надлежните и понатаму трагаат по децата што го ограбиле глумецот.