Српскиот моден креатор, Дарко Костиќ е обвинет за суливање на 15-годишниот малолетник Љ.К. Момчето го пријавило креаторот во полиција, велејќи дека Костиќ го дрогирал и го злоставувал. Момчето во изјавата рекло дека контактирале преку Фејсбук, а дека тој сам иницирал средба со креаторот. Додал дека Костиќ му направил фотосесија. Бидејќи малолетникот немал пари да ја плати, Костиќ од него побарал „малку да се галат“.
Креаторот негира дека го силувал момчето. Рекол дека детето имало бујна фантазија и дека преку него сака да стане славен. Полицијата го задржала мобилниот телефон на модниот креатор за да ја разгледаат целата комуникација со момчето што го обвинува за силување.
Медиумите во Србија пишуваат дека модниот креатор одамна има проблем со употреба на дрога, а дека ни неговата кума, пејачката Јелена Карлеуша, веќе не сака да му помогне. Соседите на Костиќ од зградата во која живее, откриле дека кај креаторот често доаѓале малолетни момчиња, ама и дека често слушале викање од неговиот стан.