Македонскиот пејач Виктор Апостоловски деновиве ја промовира новата песна „Бон тон“. Тој е автор на музиката и текстот. Како многупати досега, реши промоцијата да ја направи преку Фејсбук, за спотот одеднаш да го видат сите негови пријатели и следбеници. Песната, вели Виктор, ѝ ја посветува на родната Битола. Токму затоа видеото е снимано таму, дел на битолскиот Баир, дел на шеталиштето, во паркот и на скејт-паркот. Во видеото има и неколку познати битолски фаци.
„Преку песната сакав да порачам дека иако Битола има негативни страни, има и позитивни. Тоа треба да го знаат младите што си одат од градот“, рече Виктор, кој за „Репортер“ откри дека од пред неколку месеци се врати да живее во Битола, ама и дека таму го уредува своето музичко студио, што ќе почне со работа од есен.
„Им благодарам на сите што беа дел од овој спот. Ама најголема благодарност до гетото што ме порасна“, вели тој.