Американскиот претседател Доналд Трамп размислувал за кандидатура уште во 1986 година. Тогаш се откажал затоа што мислел дека е премлад за оваа функција, а имал само 41 година. Тајната полиција од комунистичка Чехословачка направила досие за тогашниот американски милијардер, кој уште во 1980-тите години од минатиот век бил сигурен дека еден ден ќе стане претседател на САД.
Повод за отворањето на досието била венчавката со неговата прва сопруга, Ивана, која потекнува од Чешка. Неделникот од Прага „Респект“ ги пренесе тврдењата на Владимил Данек, ексшефот на безбедносната служба во Злин, родниот град на Ивана Трамп.
„Знаевме дека Трамп ќе биде влијателен. Не ја криеше желбата да стане претседател на САД, па сакавме да дознаеме нешто повеќе за него“, рекол Данек.
Трамп сакал неговата кандидатура да биде новост во американската историја. Тој сакал да се кандидира како независен кандидат. Не бил член на Демократската ниту на Републиканската партија иако сите го сакале во своите редови. Службата на Чехословачка тогаш проценила дека Трамп бил сигурен во победата, иако тоа изгледало нереално. Тие во 1978 година први го отвориле досието на Ивана Зелничкова, како што тогаш се презивала првата сопруга на Трамп. Таму стои дека поранешната манекенка, која подоцна станала деловна жена, во 1977 година се омажила за Трамп. Двојката има три деца – Доналд Јуниор, Иванка и Ерика.
Текстот Доналд Трамп знаел дека ќе стане претседател на Америка уште пред 30 години е превземен од Reporter.mk.