Кинескиот писател на научна фантастика и аматерски ловец на НЛО, Ли Jинмин, тврди дека пронашол остатоци од вонземјански череп. Своето откритие Ли го претставил на семинар во Пекинг, пишува британскиот весник „Сан“. Черепот е со кафеава боја и со пречник од околу 16 сантиметри и има два слоја. Ли черепот го добил од уличен продавач во кинеската провинција Монголија, а претходно го поседувал приватен колекционер.
Продавачот забележал илустрација на вонземјанин во еден од Романите на Ли, кој многу наликувал со черепот што тој го имал. По 4 месеци испитување, Ли вели дека черепот е со вонземјанско потекло, но дека сепак не направил ДНК-тест за да може да го докаже тоа. ДНК-анализата, вели, би го чинела околу 12,6 илјади евра.
Иако многумина го исмеваат на социјалните мрежи, тој е убеден дека се работи за вонземјанин. Но, има и такви што велат дека ова е доказ дека вонземјаните некогаш живееле на Земјата.
Текстот (Фото) Ловец на НЛО вели дека поседува череп од вонземјанин е превземен од Reporter.mk.