Откако во 2017 година беше откриено дека на задниот дел на Месечината има прилично необична структура во кратерот Paracels C, новите слики направени неодамна, открија дека се работи за машини за рударство и кранови што се користат во рударската индустрија.
Откако ја анализирале фотографијата на која се гледа површина од околу 507 квадратни километри од спротивната страна на Месечината, уфолозите изјавиле дека енергетскиот спектар на предметите значително отстапува од остатокот од површината на Месечината. Фотографијата која служи како доказ за тврдењата на уфолозите, е прилично маглива, но на неа сепак се гледаат интересни структури на површината на Месечината.
Ова дополнително ги поттикна теориите на заговор дека на Месечината има згради, кои или ги изградиле и ги користат вонземјани, или се дел од таен проект на светските влади, предводени од НАСА.
Според ufosightingshotspot.blogspot.com, ова се најразлични згради и возила скриени од другата страна на Месечината. По објавувањето на фотографиите, уфолозите, но и љубителите на теориите на заговор расправаат за тоа кој ги поседува овие згради и возила, но официјални одговори нема, а за случајот нема коментар ни од НАСА.
Текстот (Фото) Сателит откри згради и машини на темната страна на Месечината е превземен од Reporter.mk.