Францускиот вирусолог, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 2008 година за изолирањето на вирусот на ХИВ, Лук Монтањие, тврди дека Ковид-19 нема природно потекло и дека е создаден во лабораторија.
„Дојдовме до заклучок дека е дојдено до манипулација со овој вирус“, рече Монтањие во интервју за француската телевизија „Си-њуз“.
„Вирусот нема природно потекло, тој е дело на молекуларен биолог. Не е познато со која цел е тоа направен. Мојата работа е изнесување факти, јас никого не обвинувам и не знам кој го направил тоа и зошто. Можно е да сакале да произведат вакцина против вирусот на ХИВ“, претпоставува нобеловецот.
Ова негово тврдење тој го темели на присуството на елементи од ХИВ и маларија во генот на новиот вирус, што според него е многу сомнително.
Некои американски весници го поврзаа потеклото на Ковид-19 со работата на лабораторијата П4 во Вухан, епицентарот на пандемијата. „Вашингтон пост“ оваа недела објави дека претставници за национална безбедност во администрацијата на Трамп долго време се сомневаат во истражувачки капацитети во Вухан како извор на коронавирусот.
о, Франција преку кабинетот на претседателот Емануел Макрон, соопшти дека засега нема докази за поврзаност меѓу новиот коронавирус и работата на оваа лабораторија.
Се работи за истражувачки центар за чие основање во 2004 година Франција потпиша договор со Кина. Целта, велат, била да се истражуваат заразни болести со највисоки безбедносни стандарди, а лаборатиоријата е опремена за справување со патогени од класа 4 (П4) – опасни вируси кои претставуваат голем ризик од пренесување од човек на човек, како што е еболата.
За основање на оваа лабораторија се вложени 42 милиони долари. Изфградбата беше завршена во 2015 година, а беше отворена во 2018 година. Како консултат во нејзиното основање се јавува Ален Мериукс, сопственик на француска биоиндустриска компанија. Се простира на површина од 3.000 квадратни метри и е сместена во подножјето на ридот на периферијата на Вухан, град во кој живеат 11 милиони луѓе.
Ваквите сомнежи се појавуваат во време на силна меѓународна критика кон Кина, кои велат дека земјата ги прикривала вистинските податоци за обемот на епидемијата кај нив. Кина пред два дена ги ревидираше бројките од пандемијата, при што бројот на жртвите се зголеми за 1.300 луѓе.
Кинезите негираат дека се работи за прикривање, туку на недоволниот капацитет за нивно регистрирање за време на врвот на пандемијата.
Според Ворлдометерс во Кина, каде првпат беше регистрирана болеста која прерасна во пандемија, од коронавирус се заразени 82.719 лица, а починале вкупно 4.632.
Текстот Француски вирусолог-нобеловец тврди дека Ковид-19 е создаден во лабораторија е превземен од Reporter.mk.