Јасновидецот Алојз Ирлмајер од Германија, пред својата смрт предвидел дека ќе има Трета светска војна. Според неговите предвидувања таа ќе се води на Медитеранот и Блискиот исток, а ќе почне со убиство на Балканот.
„Сите ќе повикуваат на мир. Одеднаш ќе дојде до војна на Блискиот исток кој ќе се засилува, големите поморски сили ќе се соочат со непријателите на Медитеранот, а ситуацијата ќе биде многу тензична. Меѓутоа, вистинската искра ќе биде запалена на Балканот: гледам некој голем како паѓа, крвав нож лежи покрај него. Две лица ќе убијат трет високо позициониран. Тие ќе бидат платени од страна на други луѓе. Едниот убиец е мал, другиот малку повисок, со посветла боја на косата“, раскажал тој.
Ирлмајер живеел во првата половина на 20. век и по Втората светска војна им помогнал на многу луѓе да ги пронајдат своите најблиски. Иако бил обвинет за „вештерство“ судијата го ослободил кога тој детаљно опишал што правела неговата сопруга тој ден и како била облечена.
Текстот Германски јасновидец тврди Третата светска војна ќе почне на Балканот е превземен од Reporter.mk.