Симон Доранте Деи од Австралија тврди дека британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила се негови вистински родители, пишува „Дејли експрес“. Според него, Камила го родила на 18 години, а Чарлс тогаш имал 17 години. Тој вели и дека принцезата Дијана знаела за него.
52-годишниот Симон е роден на 5 април 1966 година, во близина на Портсмут. Тој првпат јавно проговори дека Чарлс и Камила се негови родители во 2016 година. Сега вели дека има нови докази за своето потекло. Симон имал 18 месеци кога го посвоиле Карен и Дејвид Деи.
„Бев многу близок со баба ми. Таа постојано ми велеше дека сум дете на Чарлс и Камила“, рекол Симон. Тој сакал да го открие својот идентитет уште пред 22 години, но тогаш во сообраќајна несреќа загина принцезата Дијана.
„Во тоа време се ширеа секакви шпекулации околу кралското семејство, а моето постоење беше една од нив. Мислам дека Дијана бараше одговори за животот, за работи кои ѝ предизвикаа неправда и беше подготвена да ги открие јавно“, рекол Симон.
И сопругата на Симон, Елвијана, верува дека тој е дел од британското кралско семејство.
Од официјалната резиденција на принцот Чарлс засега нема коментар.
Текстот Маж од Австралија тврди дека е син на Чарлс и Камила е превземен од Reporter.mk.