Милијардерот Џефри Епстајн, кој беше обвинет за педофилија, почина пред една недела во затворот во Њујорк. Според резултатите од аутопсијата, причина за смртта е самоубиство со бесење, изјавила портпаролката на канцеларијата на шефот на Патологија во Њујорк, Аја Ворти-Дејвис. Таа рекла дека официјалниот извештај за смртта на Епстајн ќе биде објавен во текот на денот.
Весникот „Вашингтон пост“ уште пред два дена објави дека аутопсијата покажала дека вратот на Епстајн бил скршен на повеќе места.
Епстајн беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Менхетн минатата сабота. Тој и неколку дена претходно се обидел да се самоубие.
Епстајн беше уапсен на почетокот на јули. Тој чекаше судење за трговија со луѓе и сексуално злоставување. Во обвинението против него стоеше дека намамил десетина малолетнички во своите луксузни куќи и им плаќал за сексуални услуги.
По апсењето на милијардерот, неговото име се поврзуваше и со американскиот претседател Доналд Трамп, а Епстајн беше посочен како еден од донаторите во неговата претседателска кампања.
(Видео) Доналд Трамп и Џефри Епстајн се забавувале со малолетнички, властите открија снимка
Текстот Милијардерот педофил Епстајн се самоубил со бесење е превземен од Reporter.mk.