Главниот командант на НАТО и американските сили во Европа, генерал Кертис Скапароти, објавил дека Русија, а не меѓународниот тероризам, е главната безбедносна закана.
Соговорниците оцениле дека американската борба против тероризмот не постои, а дека НАТО сега не се занимава со безбедност, туку дека исполнува политички задачи.
Ресурсите кои сега се фокусираат на борба против тероризмот можеби би требало да бидат пренасочени, изјавил американскиот генерал пред новинарите, по состанокот со командантите од европските војски, како и дека една од неговите главни задачи е одвраќање од таканаречената руска закана.
Како што ѝ самиот изјавил, потребни му се уште војници, шпионски авиони и други ресурси за да ја задржи американската воена супериорност и да ја одврати Русија, додека Москва продолжува со модернизацијата на својата војска.
Структурата на НАТО-силите, според зборовите на Скапароти, бара дополнување во секое подрачје, а нивното засилување на конкретните воздушни, копнени и крајбрежни подрачја би ѝ помогнало на командата на НАТО подобро да ја заврши работата во одвраќањето на Русија и да ја доведе Северноатланската Алијанса во подобра позиција во разбирањето како Москва оперира.
Никој нема илузии за американската борба против тероризмот. Таа е само изговор за спроведување на некои други планови, смета Алексеј Подберјошкин од Московскиот државен универзитет за меѓународни односи.
„Во земјите како Сирија, Либија и другите земји од Далечниот Исток, Американците и нивните сојузници под маската на борбата против тероризмот, формирале и финансирале милитантни групи. На Северен Кавказ секој трет милитант е странски платеник. Инаку, САД имаат многу амбициозна програма за зајакнување на воената моќ и затоа верувам дека во рок од три години, воените трошоци на САД изнесувале билион долари, а трошоците на нивните сојузници околу 500 милијарди долари“, изјавил Подберјошкин.
Од друга страна, и американските службени приоритети се промениле. Некогаш, како што вели Подберјошкин, тоа била борба против тероризмот. Денеска приоритет е одвраќање на Русија, Кина, Иран и Северна Кореја.
И воениот аналитичар Александар Жилин смета дека американската борба против тероризам не постои, а НАТО не се занимава со безбедноста во светот, туку исполнува политички задачи.
„Во таа смисла, тероризмот е само еден од нивните инструменти. Затоа се прашувам дали НАТО некогаш се борел против тероризмот. Трамп почнал со голема модернизација на вооружените сили, а руската закана беше најдобро образложение кое можеше да им го пренесе на даночните обврзници, така што изјавата на Скапароти не содржи ништо ново. Се надевам дека НАТО ќе ги намали финансирањата на терористичките структури, затоа што тоа би било најдобро ослободување на ресурсите, за кое говори Скапароти“, вели Жилин.
Од друга страна, Александар Шпунт, директорот од московскиот Институт за политичка анализа, мисли дека барањето на Скапароти за зголемување на воените ресурси за да се сузбие руската закана е наменет за внатрешниот политички пазар во Америка.
Новоусвоениот американски одбранбен буџет беше цел на критики, а републиканците, кои цело време од мандатот на поранешниот претседател Барак Обама го обвинувале за ненаменски трошење на огромен број ресурси на војни ширум светот, сега кога дојдоа на власт ги зголемија воените трошоци.
„Засилувањето на военото присуство на НАТО во Европа личи на агресивен гест насочен против Русија. Но, на сите им е јасно дека тенковите на НАТО нема да тргнат кон Смоленск. Изјавата на Скапароти е протолкувана како дел од политичкиот притисок на Полска и балтичките земји. Едноставно, присуството на странските војници во некоја земја е инструмент на мека моќ. Се разбира дека никој не смее отворено да говори за тоа“, вели Скапароти.
„Колеги, ги победивме терористите, затоа имаме вишок пари кои ќе ги искористиме за одбрана на Европа“, објаснува Шпунт.