Австралиски научници од универзитетот Флиндерс тврдат дека пронашле нов мозок во човечкото тело. Тие заклучиле дека во човечкото тело постои друг мозок кој работи независно од централниот нервен систем и се наоѓа во цревата.
Новооткриениот мозок е наречен ентерален (цревен) нервен систем. Се состои од неколку милиони неврони кои ја регулираат работата на гастроинтестиналниот тракт. Во исто време цревниот мозок функционира независно од централниот нервен систем и од ‘рбетниот мозок.
Овој цревен мозок, според експертите, најверојатно се појавил прв во развојот на телото. Научниците утврдиле дека цревниот нервен систем вклучува возбудливи и инхибиторни неврони, кои предизвикуваат контракција на мускулите на цревата.