Еден од најпознатите светски патoлози, доктор Ричард Шепард, за британските медиуми неодамна изјави дека смета дека принцезата Дајана била бремена кога загина во сообраќајната несреќа во Париз 1997 година, иако тоа не мпоже да го потврди. Шепард во текот на својата кариера прегледал преку 23 илјади тела, а едно од нив било и она на принцезата Дијана. Тој за медиумите раскажа дека во моментите по аутопсијата, новинарите му поставувале различни, дури и бизарни прашања за принцезата.
„Ме прашуваа дали била убава, дали била насмеана, дали била бремена. Секогаш внимавав да не откријам ништо што веќе не беше претходно објавено“, рекол доктор Шепард. Тој додал дека не испитале дали Дијана била бремена кога загинала, но дека според обликот на телото, смета дека е можно таа да била на почетокот на третата бременост.
Неговата изјава дополнително ги поттикна теоретичарите на заговор кои со години тврдат дека Дијана била трудна, и дека на своите блиски пред смртта им рекла дека треба да им соопшти „големо изненадување“.
„Немаше во тој момент медицински докази дека Дијана е бремена. Но, некои жени тврдат дека од самото зачнување знаат дека се бремени, а можеби таа беше една од нив“, изјавил Шепард за „Дејли Мејл“.
Паталогот раскажал и дека Дијана немала да загине ако носела појас во автомобилот.
„Ќе поминела само со модринки или можеби скршена рака, само ако била врзана со безбедносниот појас,“ рекол тој.
За потсетување, во 2003 година, француски полицаец за англиските медиуми тврдел дека Дијана навистина била бремена во времето на несреќата и дека има доказ за тоа, но наводниот доказ никогаш не им го предал.
Текстот Принцезата Дијана била трудна кога загина во сообраќајката во Париз е превземен од Reporter.mk.