Слободан Милошевиќ е погребан без мозок за да се скрие дека е убиен

Поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, кој почина на 11 март 2006 година во холандскиот затвор во Шевенинген, е закопан без мозок, тврди Кристијан Шартије за „Би-би-си“. Ова, додаваат блиски пријатели на Милошевиќ, е за да се скрие фактот дека е убиен, а не дека умрел од природна смрт.

Шартие, кој во тоа време бил портпарол на Трибуналот во Хаг, рекол дека по смртта е направена аутопсија, а мозокот на Милошевиќ бил изваден.

„Се сеќавам дека телото на Милошевиќ во март 2006 година е вратено во Србија без мозок. Не знам што се случи потоа, дали мозокот е вратен на семејството цел или во делови, или останал на институтот, или е уништен“, рекол Шартие за „Би-би-си“, а веста ја пренесе српски Курир.

Една од можните причини за тоа, како што шпекулираа и претходно луѓе блиски на Милошевиќ, е да се прикријат трагите кои би покажале дека тој е убиен, отруен, а не дека починал од природна смрт. Според него, некои отрови брзо се разградуваат во организмот, а нивни траги остануваат само во мозочното ткиво.

Патологот д-р Зоран Станковиќ за „Курир“ рекол дека кога умира некој затвореник, во текот на обдукцијата често се земаат и чуваат делови на органи и ткива.

„Можно е дел од мозокот да е земен за хемиска и токсиколошка анализа. За тие цели се земаат човечки течности: крв, урина и содржина од желудникот. Потоа, делови на органи како што се мозокот, бели дробови, срце, џигерот со жолчната кеса, делови од бубрезите, слезинка, бешика, тенко и дебело црево и се прави контролна токсикологија. Можно е некои делови да се земени и од неговото тело и да не се вратени назад. Тие се чуваат од шест месеци до една година“, открил Станковиќ.

Адвокатот Тома Фила целосно ја отфрла можноста дека мозокот на Милошевиќ останал на Институтот за форензика во Холандија.

„Тоа се глупости. Во Белград исто така е направена обдукција и нема основ дека тоа е точно. Да се испрати човек без мозок, па зарем во сериозна држава би се случило телото на поранешниот претседател стигне без глава или мозок и тоа така да помине“, рекол Фила.

Текстот Слободан Милошевиќ е погребан без мозок за да се скрие дека е убиен е превземен од Reporter.mk.