Неврохирургот, доктор Ерик Лутард, тврди дека нов вид суперлуѓе ќе комуницираат телепатски за само неколку децении.
„Операциите со мозочни импланти кои ќе овозможат нервна интеграција ќе бидат зачестени како денешните пластични операции и тетоважи. Само прашање на време е кога ќе се случи тоа“, рекол Лутард, кој е професор на Универзитетот во Вашингтон.
Лутард исто така се занимава и со пишување книги со научна фантастика. Тој верува дека промената ќе се случи за најмногу 20 години.
Текстот Телепатијата ќе стане реалност за дваесет години е превземен од Reporter.mk.