Неколку истражували и историчари тврдат дека конечно ја откриле локацијата на изгубениот град Атлантида и дека тој се наоѓа во Шпанија. Тие ова го тврдат благодарение на неколку сателитски снимки.
Досега голем број научници верувале дека градот што се гледа на сателитските снимки го изградиле Старите Грци или Римјани, но сега дел од историчарите сметаат дека овие ѕидини ги изградил мистериозниот народ Атлантида. Атлантида се споменува во списите на Платон 400 години пред новата ера и е опишана како напредна островска цивилизација. Во центарот на ова поморско царство бил градот Атлантида кој имал огромно пристаниште и храм кој ги посветиле на богот Посејдон. Се верува дека Атлантида била уништена од некоја природна катастрофа, како цунами или вулкан.
Некои од научниците сметаат дека Платон ја измислил целата оваа приказна за да ги претстави своите филозофски теории. Тим на археолози, пак, веруваат дека рушевините на овој град се наоѓаат блиску до брегот на Шпанија кај Кадиза. Со помош на сателитски снимки може детално да го проучат ова подрачје и да откријат дали тука постоеле населби од античко време. Историчарот Тим Ејкерс вели дека е сигурен дека ја пронашле Атлантида, но и дека оваа цивилизација била многу напредна.
Голем број лабораториски анализи и пронајдени материјали покажале дека на ова подрачје во Шпанија постоел еден вид на цемент каков што никогаш претходно не е забележан. Се верува дека луѓето што живееле тука се занимавале со обработка на метал, кој бил многу понапреден за таа доба.
„Тестирањата покажале дека ископувањата се постари од грчките и римските“, изјавил Ејкерс.
Текстот (Видео) Истражувачи ја открија локацијата на изгубениот град Атлантида е превземен од Reporter.mk.