(Видео) Руски космонаут тврди дека видел НЛО во вселената

Сампрогласениот експерт за НЛО, Скот Веринг тврди дека забележал чуден детаљ додека во живо следел пренос на НАСА, кога руски космонаут рекол дека „забележал вселенско летало“. Во тој момент, НАСА го прекинала преносот во живо, па ова за Веринг е уште еден доказ дека НЛО постои и дека светските влади знаат за тоа.

„Делуваше како космонаутот да потврдува присуство на НЛО, ‘полека се движи нагоре’ реќе тој пред да биде прекината снимката од копнената контрола на НАСА. На снимката може да се воочат аномалии кои се движат полека. Тогаш почнува конверзација меѓу космонаутот и НАСА бидејќи се појави леталото“, вели теоретичарот за заговор.

Тој посочува на разговорот помеѓу рускиот космонаут и копнената контрола на НАСА како дополнителен доказ дека се работи за нешто сомнително.

„Кога на снимката се појавува НЛО-то, разговорот се менува. Кога рускиот астронаут рече ‘брод’, НАСА го прекина и се слушна ‘примено’, пред да успее да заврши да каже сè што сакаше. Значи, ова е стопроцентен доказ дека НАСА и Русија знаат дека вонземјаните често ја посетуваат вселенската станица“, додава Веринг.

Тој вели и дека видеото на НАСА се замаглува кога ќе се појават таканаречените НЛО.

Сепак, скептиците сугерираат дека предметите се астероиди или мраз.  Радиото „Гуфон“ нуди порационално објаснување за наводната средба со НЛО. „Зар не е смешно што овие предмети се движат со иста брзина? Честичките мраз едноставно се распрснуваат додека Меѓународната вселенска станица го менува правецот“, тврди станицата.

Текстот (Видео) Руски космонаут тврди дека видел НЛО во вселената е превземен од Reporter.mk.