Американската разузнавачка агенција ЦИА, објави документи во кои открива информации дека обучувала гулаби кои биле праќани во шпионски мисии. Птиците биле тренирани да фотографираат локации за време на Студената војна, пишува „Би-би-си“.
И прењтходно се знаеше дека ЦИА работи со гулаби, но сега таа тоа и го потврди. Гулаб на кој е поставена камера е изложен во Музејот на ЦИА во Вирџинија, седиштето на Агенцијата, па може точно да се види за што станува збор.
Во 60-те години на минатито век, ЦИА верувала дека животни можат да преземат одредени задачи што биле тешки за луѓето. Гулабите се покажале како многу прикладни за шпионски мисии, а една од причините за тоа е што гулабите и на стотици километри оддалеченост успевале да се вратат назад. Операцијата со гулаби од била наречена „Такана“. На гулабите им се ставала алка од 5 грама на која е прицврстена камера од 35 грама. Еден гулаб со целата опрема чинел тогашни 2.000 долари. Камерата во себе имала филм со кој можеле да се снимат 140 фотографии, а експертите велат дека снимките биле изненадувачки добри со извонредна острина, па дури и со подобар квалитет од денешните сателитски снимки.
Во документите на ЦИА се наведува дека гулаби биле тренирани за шпионска мисија во Ленинград за да го снимаат бродоградилиштето во градот. Но, нема информации дали мисијата била воопшто изведена, дали била успешна, или, пак гулабите пратени во Ленинград биле откриени и никогаш не се вратиле назад.
Текстот Во време на Студената војна, ЦИА користела гулаби во шпионски мисии е превземен од Reporter.mk.