Галичани направија модерна свадба

Годинашните младенци на галичката свадба, Тања Лепческа и Златко Димовски, дваесет дена пред венчавката во Галичник, направија класична свадба. Тие се ванчаа викендов, па со своите семејства и пријатели прославија во еден скопски ресторан. Тања за свадбата избра бела венчаница со тул, а Златко беше облечен во класичен костум.

На галичката свадба, што ќе се одржи на 15 јули, Тања и Златко ќе бидат облечени во традиционална галичка носија. Тие ќе ја следат традицијата и старите адети, ќе одат од куќа на куќа, невестата низ прстен ќе го гледа младоженецот, на коњи ќе прошетаат сред село и ќе се венчаат во црквата Свети Петар и Павле.

За да бидат галички невеста и младоженец, еден од младенците треба да има галичко потекло. Корени од овој крај има невестата Тања.