Оружјето на Хан Соло, ликот што Харисон Форд го глумеше во филмот „Војна на ѕвездите“ се продаде на аукција во Њујорк за 550 илјади долари. Пиштолот направен од дрво, изминатите 30 години беше во сопственост на сценографот на филмот Џејмс Шоп. Пиштолот се продаде за 100 илјади повеќе од светлосниот меч што Марк Хамил го користеше во првите два филма од франшизата.
Сценографот Шоп на аујцијата понуди повеќе од 40 предмети.
Рекордот за најскап реквизит од „Војна на ѕвездите“ го држи дроидот Р2-Д2, кој лани се продаде за 2,76 милиони долари.