По долга борба со ракот на панкреасот, на 89-годишна возраст почина Џо Џексон, таткото на Мајкл Џексон. Џо почина во болница во Лас Вегас. Тој е основач на групата „Џексон 5“.
„Сонцето изгрева кога ќе дојде време и, дали ви се допаѓа тоа или не, заоѓа кога ќе дојде време“, беше објавено на неговиот твитер-профил пред неколку дена.
Џо имаше 11 деца, пет сина и шест ќерки. Сите пет сина членуваа во легендарната група „Џексон 5“ во која кралот на поп-музиката ја почна својата кариера.