Бобан Авалон: Нема јебени гратиси за Стинг

Светската музичка ѕвезда Стинг, ќе пристигне во Скопје два дена пред планираниот концерт кој ќе се одржи на 2 јуни на стадионот Филип Втори.

Од Авалон најавија дека бината е иста како онаа на фестивалот Егзит.

“Ова е најамбициозен проект на Авалон. Немаше логика никој освен Влатко да настапи. Менаџментот на Стинг ги прифати сите наши сугестии, да истераме до крај. Да расчистиме одма, се очекува околу 20 до 30 илјади публика, а не 60 илјади. Тоа е така зошто нема јебени гратиси“, рече Бобан Милошески-од Авалон.

Стинг ќе пее во Скопје во рамки на неговата турнеја „Мѕ songs“. Пејачот повторно ќе доаѓа во Скопје по концертот кој го имаше во ВИП Арената пред две години.

Текстот Бобан Авалон: Нема јебени гратиси за Стинг е превземен од Reporter.mk.