И Муса си замина од Македонија

Кошаркарката Едина Муса си замина од Македонија. Таа пред неколку дена реши среќата да си ја бара во САД, а веќе сподели фотографии дека е во Мајами, на Флорида каде и ќе работи.

Со неа е и нејзиниот дечко, фитнес тренерот Серџо Спасов, со кого Муса е подолго време во љубовна врска.

Дека планира да си оди од земјава, кошарката уште одамна откри за „Репортер“ , но чекаше вистиснки момент за да може и јавно да го објави.

И нејзините блиски ни открија дека таа сега е во Мајами и дека таму веќе има работа, но и дека големи се шансите да остане таму.

Со дечкото Серџо кој беше модел во агенцијата „Моделс Ин“, се надеваат дека таму ќе се снајдат, раскажуваат нивните блсики.

Текстот И Муса си замина од Македонија е превземен од Reporter.mk.