Научниците исплашени, до 2100 година нивото на океаните ќе порасне за два метри

Новата направена студија за нивото на светското море е загрижувачка велат светски научници кои работеле на студијата, а пренесува „Би-Би-Си“. Долго време се верувало дека нивото на водата до 2100 година, поради топењето на ледот ќе достигне за помалку од еден метар. Новата студија прикажува дека овој раст ќе се зголеми за двојно.

„За 2100 година тоа значи дека леденото топење на половите ќе го подигне нивото на морето меѓу 7 и 178 сантиметри, но кога на тоа ќе го додадете и топењето на глечерите, кои се надвор од поларните кругови, бројката надминува и повеќе од два метри“, вели авторот на студијата Џонатан Бамбер од Универзитетот во Бристол.

Истражувачите сметаат дека ако се продолжи со моменталното темпо на емисии на стаклени плинови во атмосферата, нивото на светските мориња ќе мора до 2100 година да порасне меѓу 6 и 238 сантиметри. Научниците велат дека станува збор за најцрно предвидување досега.

Бамбер верува дека нивото на глобалното затоплување од пет степени целзиусови, си го направило своето, а светската компнена маса во најлош случај би се намалила за отприлика 1,79 милиони квадратни километри, одосно колку предел со површина на Либија.

Поеќето губитоци од копнената маса би се случиле на подрачјата на светот каде се одгледува голема количина на храна, како делови околу реките Нил, а не би биле поштедени ниту големите градови како Лондон, Њујорк и Шангај.

Текстот Научниците исплашени, до 2100 година нивото на океаните ќе порасне за два метри е превземен од USB.mk.