NASA објави фотографија со „пајаците на Марс“

NASA викендов објави интересна фотографија на која се гледа еден необичен феномен на површината на Марс, кој потсетува на движење на пајаци. Сликата беше снимена со помош на автоматската повеќенаменска меѓупланетарна станица Mars Reconnaissance Orbiter.

Забележано е дека со доаѓањето на пролетта јаглеродниот диоксид “пробива” низ слојот мраз на јужниот пол на планетата. Потоа, гасот влегува во атмосферата, а темната прашина се акумулира околу формураните дупки. Како резултат на тоа, површината на планетата е испреплетена со слични формации што истражувачите ги споредуваат со црни пајаци кои седат на ледената пајажина.

 

Текстот NASA објави фотографија со „пајаците на Марс“ е превземен од USB.mk.