Џенифер Aнистон: Џоли ми го украде Пит пред моите очи

Актерката Џенифер Анистон неодамна во едно свое интервју раскажала за моментот кога нејзината колешка Анџелина Џоли во 2005 година, пред нејзини очи и го украл тогаш нејзиниот сопруг Бред Пит, пишува „Мирор“.

Анистон и Пит се венчаа во 2000 година, а нивниот брак траел пет години. Причината за разводот била Анџелина Џоли, во која Бред Пит се заљубил за време на нивното заедничко снимање на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Анистон за Vanitu Fair открила дека со нејзината седум години помладата колешка Анџелина Џоли, се виделе само еднаш во животот и тоа на паркинг додека ја снимала серијата „Пријатели“. Средбата се случила во 2004 година, непосредно пред почетокот на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

„Бред е многу возбуден што ќе работи со тебе. Се надевам дека добро ќе се забавувате“, и кажала тогаш Анистон на Џоли, не насетувајќи воопшто дека може да ѝ го украде мажот.

Анистон сега открива дека ништо не ѝ навстило дека средбата меѓу Анџелина и Бред ќе биде крај за нејзиниот брак и почеток на нова љубовна приказна. Денеска Анистон вели дека чувствува тага поради коментарот кој ѝ го дала на Џоли. Џенифер открила дека Бред си заминал многу брзо од нејзиниот живот откако ја запознал Анџелина.

Текстот Џенифер Aнистон: Џоли ми го украде Пит пред моите очи е превземен од Reporter.mk.