(Видео) Старо нови фраери , трејлерот „ Си било еднаш во Холивуд“, најавува топ филм

Деветтиот филм на Квентин Тарантино „Си било еднаш во Холивуд“ („Once Upon a Time in Hollywood“) неделава беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал. Во чест на премиерата на филмот, Сони во вторникот го објави првиот трејлер – за кои на големо се пишува дека е одличен.

Во трејлерот, кој трае две и пол минути, се појавуваат Леонардо ди Каприо во улога на глумецот во вестерни Рик Далтон и Бред Пит како неговиот каскадер Клиф Бут.

Трејлерот почнува како комедија, го гледаме Лео како спалува неколку нацисти со пламенофрлач, но кога Далтон сфаќа дека прва комшика му е ѕвездата во подем Шерон Тејт (Маргот Роби), филмот станува мрачен.

Бут завршува на ранчот „Спан“, поранешниот сет за вестерни каде што живееше Семејството на Чарлс Менсон и планираше Хелтер Скелтер додека плетеа елеци од човечки коси.

Трејлерот завршува со злокобна снимка од тројца членови на Семејството – веројатно Текс Вотсон, Сузан Еткинс и Патриша Кренвинкел (една од нив носи нож), како одат по улица кон домот на Шерон Тејт.

Премиерата на филмот е на 26 јули.

Текстот (Видео) Старо нови фраери , трејлерот „ Си било еднаш во Холивуд“, најавува топ филм е превземен од Reporter.mk.