(Фото) Александра Пријовиќ повторно е русокоса

Пејачката Александра Пријовиќ веќе не е бринета. Таа ја смени бојата на косата, ја осветли, и сега е русокоса. Со новиот имиџ таа се појави на роденденот на Стефан Живојиновиќ на сплавот „Фристајлер“ во Белград. Пејачката на забавата дојде со сопругот Филип, а на социјалните мрежи објави слика со нивниот пријател Драган Брајовиќ – Браја. На фановите им се бендиса промената, па ѝ порачаа дека изгледа одлично и дека никогаш веќе не треба да биде „црнка“.

Александра често ја менува бојата на косата. Таа и на почетокот на кариерата беше русокоса.

Текстот (Фото) Александра Пријовиќ повторно е русокоса е превземен од Reporter.mk.