Харисон Форд не ја дава улогата: Само јас можам да бидам Индијана Џонс

 

Харисон Форд и на 76 години љубоморно ја чува својата најпозната улога, а во ТВ емисијата „Good Morning America“ ги коментирал идните планови на франшизата и тоа дека еден ден, и тоа наскоро некој ќе треба да го замени.

„Кој би требало да биде Индијана после мене? Никој! Само јас можам да бидам Индијана Џонс“, одговорил Форд на прашањето за продолжение на франшизата.

Во холивудските кругови се споменуваат актерите Крис Прат и Крис Пајн како наследници на Харисон Форд за продолжение на франшизата кое се планира за 2021 година.

Текстот Харисон Форд не ја дава улогата: Само јас можам да бидам Индијана Џонс е превземен од Reporter.mk.