Visa објави дека 11 нови европски партнери ќе ја имплементираат Visa Token Service (VTS), како би се создала побезбедна средина за клиенти кои чуваат податоци за плаќање во датотека од нивните омилени трговци.
Усвојување на услугата Visa Token од партнерите низ Европа нагласува како индустријата реагира на загриженоста на потрошувачите во врска со онлајн безбедноста и како Visa продолжува да ја поттикнува иновацијата во екосистемот на плаќања.
Услугата Visa Token била лансирана во 2014 година како дел од континуираната посветеност на растот и безбедноста на е- и m-трговијата. Од тогаш забележан е значителен напредок, со нови компании, вклучувајќи трговци, портали и технолошки компании кои се приклучиле на програмата.
Марк Аустрин, извршен директор на Product Solutions Europe, Visa објаснува: “Visa е посветена на тоа искуството во електронската трговија да го прави побезбедно и полесно за сите во екосистемот. Интеграцијата на Visa Token Service, трговци и портали за плаќање веќе не мора да чуваат чувствителни податоци за сметката, што во голема мера го намалува ризикот од измама на потрошувачите кои своите податоци за картичката ги чуваат на мобилни уреди, мобилни апликации или кај трговците во онлајн е-продавници. Ова ќе помогне плаќањата по пат на e-трговија да се направат посигурни, а на потрошувачите да им овозможи безгрижно плаќање”.
Нови партнери кои ја усвојуваат програмата се Adyen, Cardstream, Computop, Datatrans, HiPay, Ingenico/Bambora, Monext, Safecharge, Secure Trading, Wirecard и Worldline.
Извор: Bankar.me
Текстот Visa Token Service се шири во Европа е превземен од USB.mk.