(Фото) Мики наполни 52, торта во тепсија за домашна журка

Мики Црнокрак, поранешниот модел и сопственик на модната агенција „Црнокрак“, го прослави 52-от роденден со торта во тепсија. На својот фејсбук-профил тој објави фотографија со ќерките Нина и Моника од домашната прослава, па им се заблагодари на пријателите за роденденските желби. „Уште 101 година да тераш генерацио“, му посакаа другарите во честитките.

Еден од најуспешните македонски модели Црнокрак, со манекенство се занимава околу 30 години. Својата модна агенција ја води заедно со сопругата Светлана, која е поранешна Мис на Македонија. Двојката е во брак скоро 22 години, и имаат две ќерки, 19-годишната Моника и 8-годишната Нина. Моника лани првпат учествуваше на меѓународен избор за убавина. Мики тогаш се пофали дека тргнала по стапките на мајка си.

Ќерката на манекените Црнокрак првпат ја претставува Македонија за избор за убавина

Текстот (Фото) Мики наполни 52, торта во тепсија за домашна журка е превземен од Reporter.mk.