Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, со луксузна забава викендов го прослави 21-от роденден на Миконос. За таа прилика облече краток бел фустан без прерамки и бели сандали. Пејачката роденденот го прослави со нејзиното момче и неколку пријатели, со голем огномет и торта на три ката, пишува српски „Ало“.
На роденденот на Анасасија ѝ запеа Жељко Јоксимовиќ, кој минатиот викенд беше со сопругата Јована на грчкиот остров. Таа не криеше дека се забавува на роденденот и објави неколку видеа од журката на својот инстаграм-профил. Видеата од роденденската прослава можете да ги видите ТУКА.
Ќерката на Цеца веќе неколку дена е на Миконос. Таа и пред роденденот споделуваше слики од одморот.
Текстот (Видео) Анастасија славеше роденден со дечкото на Миконос е превземен од Reporter.mk.