Дневен хороскоп за 28 мај

Овен

Деловните обврски ве притискаат и не ви е лесно да се изборите со сите потешкотии кои се околу вас. Не сте задоволни со емотивната состојба и сакате промени. Имате впечаток дека партнерот нема доволно разбирање за вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со варењето на храната.

Бик

Можете да се опуштите денес и да уживате во убавиот ден во кој ќе имате помалку обврски и можност малку да одморите. Се имате заљубено во личност која покажала дека кон вас има искрени чувства. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми на ова поле.

Близнаци

Кочниците на деловното поле нема да можете да успеете да ги надминете се додека не се потрудите малку повеќе да поработите на себе и својот пристап кон обврските. Не сте задоволни со самотијата и ќе имате потреба да најдете личност со која ќе сакате да започнете љубовна врска. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителна бешика.

Рак

Можете да очекувате дека ќе имате можност да напредувате на деловно поле и да донесете некои важни одлуки. Во комуникацијата со саканата личност отворено покажувате дека не сте повеќе среќни покрај неа. Внимавајте на здравјето и чувствителните синуси.

Лав

Во наредниот период ве очекува стабилизација на полето на финансии. Ќе успеете да остварите некои од своите основни цели. Покрај саканата личност ќе имате сè што ви е потребно. Ќе бидете среќни и ќе верувате дека долго време ќе останете заедно. Внимавајте на здрајето. Ова е поволен период за почеток на диета.

Девица

Нема да ви биде лесен денот на деловно поле. Можно е да имате некои пречки кои ќе ви висат над главата. Веќе е мината границата на издржливост и не ви е лесно да си признаете себе си, но повеќе не можете да продолжите да бидете со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со видот.

Вага

Она што сте го планирале на деловно поле нема да може да го реализирате лесно. Ве очекуваат сплет на околности полни со компликации. Се сомневате во искреноста кај вашиот партнер и не ви е лесно да донесете одлука што да направите во врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со депресијата.

Шкорпија

Ќе се обидете да му помогнете на некој кој е во неволја, иако не приметувате дека всушност на тој начин си наштетувате на себе си. Не сте расположени за нова врска затоа што сеуште патите за личноста која многу сте ја сакале во минатото. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со зглобовите.

Стрелец

Пред вас е ден во кој ќе морате сериозно да се посветите на деловните обврски за да ги остварите вашите цели. Имате впечаток дека не можете да најдете заеднички јазик со саканата личност и дека таа работите си ги тера по свое. Внимавајте на здрајето. Можна е појава на главоболки.

Јарец

Ве очекува опуштен ден и не би требало да имате голем број на обврски. Време е малку да се посветите на некои други работи. Подготвени сте да се посветите на една личност која ве интересира, а сè друго да оставите на страна. На полето на здравје немате никакви проблеми.

Водолија

Во потрага сте за работа која би можела да ви одговара на вашите критериуми и не ви е лесно да најдете идеално решение. Иако сте имале лоши искуства во минатото, подготвени сте да продолжите понатаму и да најдете нова љубов. Внимавајте на здравјето и проблемите со вишокот на килограми.

Риби

Деловното патување испаднало подобро од што сте очекувале. Ве очекува и подобрување на полето на финансии. Личноста со која сте во врска покажува дека е посесивна, а тоа е нешто што не ви се допаѓа. Не сакате сосема да се откажете од слободата. Внимавајте на здравјето и проблемите со кожата.

 

Текстот Дневен хороскоп за 28 мај е превземен од Reporter.mk.