Популарната серија „Игра на тронови“ веќе неколку години е голема инспирација за светските модни дизајнери. Фустаните инспирирани од оклопите на Бриен од Тарт и со синџири се хит оваа година на црвениот тепих. Долгите „опашки“ како оние на фустаните Марџори Тајрел и наметки како Санса Старк носеа глумиците на црвениот тепих на Оскарите, на филмскиот фестивал во Кан, но и на Мет Гала и годинава и лани.
„Оваа серија стана таков феномен што дури и јас, која немам гледано ниту една епизода, имам видено милион слики од жени во ‘оклопи’“, рекла Валери Стил, директорка на музејот во Институтот за мода и технологија.
Оклопот како инспирација се појави и во колекциите пролет/лето 2019 на „Ив Сен Лоран“, Кристофер Кејн и на Пако Рабан. Лани, наметките беа инспирација во колекциите на Ели Сааб.
Според Тобајас Капвел, кустос во Волис колекцијата во Лондон, нормално е модата да црпи инспирација од оклопите.
„Оклопот е бескрајно фасцинантен и визуелно прекрасен. Исто така, поврзан е и со сексуалноста. Оклопот има двојна можност да скрие и да открие“, рекол тој.
Текстот Фустаните од „Игра на тронови“ се преселија на црвениот килим е превземен од Reporter.mk.