Египтолозите кои го проучуваат древниот Египет, во текот на неодамнешните истражувања успеаја да го пронајдат влезот во Големата пирамида во Гиза, која е едно од преживеаните чуда на светот.
Претходно, истражувачите не успеваа да го лоцираат главниот влез во пирамидата. Всушност, тој претставува прилично голема празнина и се наоѓа на северната страна од пирамидата на 56 метри од нивото на земјата. Неколку метри подолу е т.н. “низок влез” на пирамидата, која беше блокиран со камен. Горе наведената шуплина се претпоставува дека е т.н. “горен влез”.
Во моментов, научниците планираат да добијат дозвола за извршување на работата неопходна за понатамошно проучување на направеното откритие. Со помош на современа камера, која има минијатурна големина, треба да се проучи пронајдената празнина.
Текстот Египтолозите го пронајдоа влезот во Големата пирамида во Гиза е превземен од USB.mk.