(Видео) Сара Мејс ја имитира Кети Пери

Во стилот на Кети Пери, со шарена и тесна облека, флуросцентни бои, јака шминка и откачени фризури, пејачката Сара Мејс го промовираше спотот за песната „Копито“. Автор на песната е Александар Ристески Принц, а песната е дел од неговиот проект Femme Fatale.

„Ова за мене беше ново преубаво искуство, можност да пробам нешто поразлично во музиката, еден различен стил, кој се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Инаку, од секогаш сум ја почитувала работата на Принц и неговата музика и затоа веднаш ја прифатив соработката во овој проект, кој има специфичен звук“, рече неодамна Сара за соработката со Принц.

Во спотот, кој се снимаше во аква-паркот „Борис Трајковски“, се појавуваат 20 статисти, убави девојки, а покрај нив играат и Принц на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани.

Поп-пејачката Сара Мејс речиси девет месеци ужива во мајчинството. Таа вели дека целиот свет ѝ се врти околу ќерката Илина и често на социјалните мрежи објавува фотографии од неа.

 

 

Текстот (Видео) Сара Мејс ја имитира Кети Пери е превземен од Reporter.mk.