Македонскиот музичар Петар Маркоски ја промовира новата песна Una signora. За песната Петар сними и видео на Парга во Грција. Покрај него, во спотот се појавува моделот Марија Давчевска. Режисер на видеото е Даниел Јовески.
„Особено сум среќен и задоволен зашто и на оваа песна се потпишувам како автор на текстот, а музиката ја правев јас во соработка со Иван Јованов“, рече Маркоски.
Музичарот освен што снима авторска музика, последните неколку месеци прави кавери на виолина на некои од најголемите светски хитови.
Текстот (Видео) Петар Маркоски отиде на Парга по Марија е превземен од Reporter.mk.