Раста и Анџела Вештица ги згрозиле гостите во хотел во Берлин

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста и старлетата Анџела Вештица ги згрозиле гостите во хотел во Берлин, откако, наводно, на базенот на хотелот пушеле џоинт, пишува српски „Телеграф“. Тие се опиланиле и кршеле шишиња и чаши, правеле галама и ги вознемирувале гостите.

„Раста и Анџела не знаат пристојно да се однесуваат. Не се знае каде пошокатно се однесуваа, дали на настап или во хотелот каде беа сместени заедно со остатокот од бендот на Раста. Се дрогираа покрај базенот, па тоа го објавија на социјалните мрежи. Другите гости во хотелот беа згрозени од нивното однесување и галамата која ја правеа“, рекол извор за „Телеграф“. Тој додал дека раперот воопшто не обрнувал внимание на туѓите коментари.

И Анџела била непријатна со гостите, но и со вработените во хотелот.

„Кога почна да мота џоинт сите останаа во шок. Се смееја и се изживуваа над вработените во хотелот, потоа се префрлија во соба каде нарачуваа алкохол. На Раста таквото однесување не му личи зашто има дете“, додал изворот.

Ова не е прв пат Раста јавно да користи наркотици. Неодамна објави видео на кое мота џоинт во банкнота од 500 евра.

Текстот Раста и Анџела Вештица ги згрозиле гостите во хотел во Берлин е превземен од Reporter.mk.